Захарова им порача на европратениците да не се мајмунираат

Ако пратениците на Европскиот парламент се навистина убедени дека Надежда Савченко е невина, не би требало да штрајкуваат со глас, туку да помогнат во истрагата и потрагата по одговорните за убиството на руските новинари, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Какво лицемерие“, ја коментираше Марија Захарова подготвеноста на европратениците да штрајкуваат со глас за да ја поддржат Надежда Савченко, на која во Русија ѝ се суди за соучество во убиството на руските новинари Игор Корнељук и Антон Волошин.

„Прво на Надежда Савченко ѝ доделија пратенички мандат, ја вклучија во состав на делегацијата, потоа направија политички циркус што се претвора во драмска сцена на штрајк со глад. Остана уште да се организираат во хор и да пеат по влезовите на Европарламентот“, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил.

„Се разбира, лобирањето секогаш постоело и ќе постои. Но сериозни одлуки не смеат да се претвораат во циркус. Ако европратениците се толку сигурни дека Надежда Савченко е невина, би било логично да престанат да се мајмунираат и да помогнат да се истражи убиството на руските новинари“, истакна таа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња