Руските војници ги уништуваат во Сирија бунтовниците кои отворено ја нарекуваат РФ непријател и не ги кријат плановите за експанзија на територијата на Русија и ЗНД, изјави во саботата претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
„Војничките вештини на нашите војници сега се усовршува и во воената операција во Сирија. Борејќи се во таа блискоисточна земја, нашите војници и офицери ги бранат интересите на Руската Федерација, ги уништуваат борците кои директно ја нарекуваат нашата Татковина непријател и не ги кријат своите планови за експанзија, вклучително и на територијата на Русија и Заедницата на независни држави“, рече шефот на руската држава, настапувајќи го Кремљ на свечената вечера по повод Денот на заштитникот на Татковината.
Како што истакна Путин, „борбената работа на пилотите на ВКС, морнарите и војниците на единиците за логистика заслужува највисока оценка“.
„Во сложени услови тие ѝ помагаат на сириската владина армија, на другите учесници во антитерористичката борба да се уништат бунтовниците, да се спаси мирното население од насилството, варварството и беззаконието“, рече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче