„Документот за прекин на непријателските дејствија е подготвен, Русија и САД се договорија. Останува да се усогласи на повисоко ниво“, изјави извор во делегацијата на сириската опозиција на преговорите за решавање на кризата во Сирија, пишува „Взгљад“.
Според зборовите на изворот, документот „ќе стапи на сила во текот на неделата по неговото усвојување“.
Како што соопшти изворот кој е запознаен со предлог-документот, „ИД и Џебхат ан-Нусра се исклучени од документот“.
Според информацијата на „Ројтерс“, сириските опозициски групи се согласиле на двонеделно или тринеделно примирје под услов да престанат воздушните напади на ВКС Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче