САД ја информираа Русија каде се наоѓаат американските специјални единици кои учествуваат во антитерористичката операција против „Исламската држава“, соопшти американскиот генерал Чарлс Браун, одговорен за операциите на американското воздухопловство во состав на Централната команда на војската на САД.
Според неговите зборови, тоа е сторено „со цел да се обезбеди безбедноста на американските војници“,со оглед дека Воздушно-космичките сили на Русија, како и американското воено воздухопловство, вршат напади врз позициите на ИД. Браун изрази увереност дека руската страна сака да избегне какви било опасни инциденти во Сирија, пренесува „Взгљад”.
Шефот на Пентагон Ештон Картер претходно изјави дека САД се координатор на распоредувањето на странски специјални единици во Сирија.
Во Сирија кон крајот на ноември минатата година пристигнаа 50 воени инструктори од американските специјални единици кои, според Пентагон, меѓу другото, вршат обука на курдските единици за самоодбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче