Најновите мали ракетни бродови(МРБ) „Бујан-М“ на Црноморската флота, вооружени со ракетниот систем „Калибар“, ќе вршат постојано дежурство во составот на Средоземноморската група на ВМФ РФ вклучена во операцијата во Сирија, изјави за РИА „Новости“ во петокот командантот на Црноморската флота адмирал Александар Витко.
Претходно адмиралот изјави дека МРБ „Зелен дол“ пристигнал во сириското пристаниште Тартус, каде по неговото извршување на поставените задачи ќе биде заменет од бродот „Серпухов“ кој ѝ припаѓа на истата гласа.
„Да, ќе имаме цикличен распоред, сите бродови, вклучително и од проектот „Бујан-М“ ќе вршат борбена служба таму“, рече Витко, одговарајќи на прашањето дали ќе стане практика МРБ од класата „Бујан-М“ во составот на Средоземноморската флотила на ВМФ РФ да бидат со постојан карактер.
Тој додаде дека пред бродовите од наведениот проект има поставено мноштво различни задачи кои тие се способни да ги извршат благодарение на широкиот спектар вооружување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче