Москва има намера да поднесе во СБ ООН предлог-резолуција со која ќе се осудат дејствијата кои ги поткопуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.
„Во врска со заострувањето на ситуацијата на сириско-турската граница и објавувањето на плановите на Турција за испраќање своја војска на северот на Сирија, во регионот сѐ повеќе се заострува ситуацијата. Ние сме вознемирени од преминувањето на борците на ИД на сириска територија и создавање на терористички бази таму. Тоа ги поткопува напорите за почеток на политичкото регулирање во САР“, потенцираше Захарова.
„Во врска со тоа Русија има намера да свика седница на СБ ООН за разгледување на ова прашање и и да поднесе предлог-резолуција во која ќе се содржат барања за прекин на сите дејствија кои ги поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и кои се косат со резолуцијата 2254 на СБ ООН, како и со напорите за почеток на сирискиот мировен процес“, изјави портпаролот на руското министерство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче