Рускиот центар при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, кој беше свечено отворен на 11 јануари годинава уште веднаш започна со организирање интересни настани. По промоцијата на проектите „Зелен Арктик“ и „Ние сме за мир во целиот свет“ во соработка со младинската организација Русичи, вечерва се организира и предавање на тема „Покрстувањето на Русија“.
Со свое излагање на темата ќе настапи м-р Екатерина Терзијоска, виш лектор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, водечки специјалист по руска култура во Република Македонија.
Настанот ќе се одржи во седиштето на Рускиот центар на улица „Теодосиј Гологанов“ бр.28, трети кат, со почеток во 19 часот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче