Надворешниот државен долг на Русија се намали на 50 милијарди долари

Во 2016 година Русија планира да се задолжи со 3 милијарди долари.

На крајот на 2015 година надворешниот државен долг на Русија се намалил за 4,4 милијарди долари – на 50 милијарди, го извести раководителот на Сметководствената комора на РФ Татјана Голикова претседателот на РФ Владимир Путин, пишува „Лента.ру“.

„Со самото тоа ќе ги намалуваме расходите во зависност од тоа која стратегија ќе ја одбереме во иднина по повод позајмувањето на надворешниот пазар“, изјави Голикова.

Во 2016 година Русија планира да излезе на пазарот за надворешно задолжување првпат по три години, изјави на 25 јануари заменик-министерот за финансии Сергеј Сторчак. Според неговите зборови, земјата ќе пушти во оптек обврзници во износ од 3 милијарди долари. Парите се потребни за делумно покривање на дефицитот на буџетот (разликата меѓу приходите и расходите во трезорот изнесува 2,36 трилиони рубли).

Вкупниот надворешен долг (државниот долг и корпоративниот) на Русија во 2015 година се намали за 14% на 515,3 милијарди долари. Најголемо беше намалувањето на задолженоста на банките – за 22,8%, на 132 милијарди долари. Долгот на небанкарскиот сектор се намали за 9,26%, на 340 милијарди долари.

На 13 ноември 2015 година првиот човек на Банката на Русија Елвира Набиулина соопшти дека од 2014 година надворешниот долг на земјата се намалил речиси за 30% - од 729 милијарди на 522 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња