Првите четири ловци Су-35 согласно договорот потпишан лани ќе ѝ бидат испорачани на Кина до крајот на 2016 година, пишува „Лента.ру“.
За потпишувањето на договорот за испорака на 24 ловци Су-35 на Кина беше соопштено в ноември 205 година. Извори во одбранбената индустрија изјавуваа дека леталото ќе биде речиси технички идентично со авионите Су-35С кои се испорачуваат за ВВС Русија. Според податоците за Центарот за анализа на стратегии и технологии, вкупната сума на зделката изнесува околу 2,5 милијарди долари.
Во ноември 2015 година исто така беше соопштено дека Индонезија донела одлука да купи 1о авиони Су-35. Покрај тоа, преговори за купување на овие ловци се водеа и со Обединетите Арапски Емирати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче