ЕУ виде „огромен потенцијал за ескалација“ меѓу Русија и Турција

Меѓу Русија и Турција останува огромен потенцијал за ескалација, а не се преземаат никакви напори за подобрување на односите, соопшти европски дипломатски извор.

„Всушност, постапките на двете страни (Русија и Турција) нѐ тревожат. Воопшто нѐ вознемирува односот меѓу тие две земји, затоа што не гледаме никакви напори за некако да се подобрат тие односи. Истовремено постои голем потенцијал за ескалација, постојано се случуваат нови инциденти“, изјави изворот во европската дипломатија.

 Затоа, според зборовите на изворот, во моментов се полагаат „многу големи надежи“ на преговорите кои в петок „треба да се одржат меѓу руската и американската страна и на кои конкретно ќе се дискутира како може да се постигне прекин на огнот“ во Сирија.  

Во петокот портпаролот на МНР Германија Мартин Шефер изјави дека претставници на Русија и САД во Женева ќе ја одржат првата средба на целната група за прекин на огнот во Сирија. Тоа, според неговите зборови, „може да доведе до договор за значително намалување на степенот на насилство меѓу сите страни кои учествуваат во виенските преговори“.

Подоцна дипломатски извори соопштија дека руски и американски воени претставници имале разговори за воспоставување примирје во Сирија.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ поаѓа од безалтернативноста на политичкото решение за кризата во Сирија.

Од своја страна заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов изјави дека Русија е подготвена да ја гарантира реализацијата на можниот договор за прекин на непријателските дејствија во Сирија, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња