Во Русија приведени 14 лица поради фалсификување пасоши за ИД

Пасошите биле изготвувани за терористи кои илегално заминувале во Сирија, како и за бунтовници кои биле испраќани Русија од командантите на ИД за вршење терористички напади, соопшти ФСБ.

Четиринаесет лица се приведени во Московскиот регион заради изготвување фалсификувани документи за борци на „Исламската држава“, соопшти во четвртокот ФСБ РФ.

Според информациите на службата, како резултат на заедничка операција со МВР Русија, во специјална операција е разобличено меѓународно криминално здружение чии клиенти биле државјани на Русија и на други земји од ЗНД.

Припадниците на групата „изготвувале фалсификувани документи... за (бунтовниците) кои илегално заминувале во Сирија за да учествуваат во борбени дејствија на страната на ИД, како и на борци кои биле упатувани во Русија од страна на лидерите на организацијата за вршење терористичка и екстремистичка дејност“, се истакнува во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.  

Третата група клиенти биле обични илегални мигранти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња