САД се против испорака на руски С-300 на Иран

САД како и претходно се против испорака на руските ракетни системи С-300 на Иран, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

„Ние јасно ја искажавме нашата спротивставеност на секаква продажба на ракетите С-300 на Иран долги години. Државниот секретар Кери го поставуваше ова прашање со министерот за надворешни работи Лавров во низа случаи... Ние одамна сме против испораките на такви напредни одбранбени системи на Иран“, изјави Тонер.

„Ќе ги простудираме не само конкретните продажби, туку и сите конкретни трансакции кои нѐ вознемируваат“, рече портпаролот,  а пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, САД ја задржуваат за себе можноста за воведување еднострани санкции против Иран во однос на неговите одбранбени програми.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња