„Сега апелот (до властите на Турција) беше формулиран во репликата на претседателот на Советот за безбедност, но ако тие дејствија (на Анкара) продолжат, ќе стане збор за документ на Советот за безбедност во кој веќе на соодветен начин ќе биде изложена позиција која ја предупредува Турција за неприфатливоста на таквите дејствија“, изјави Чуркин.
Според зборовите на Чуркин, меѓународната заедница вложува „уникатни“ напори за регулирање на сириската криза, пишува „Взгљад“.
„Во последните пет години на конфликтот првпат беше сработена консолидиран став на меѓународната заедница потврдена со резолуција на Советот за безбедност“, рече Чуркин.
Сепак тој истакна дека патот за решавање на сириската криза ќе биде многу тежок, „затоа што разни фактори имаат различна претстава за тоа како ќе се оди понатаму“.
„Не сите сакаат најбрзо политичко решение, но сепак е важно што се доби на темпо, што заедно работат Русија и САД. Така што се надевам дека оваа уникатна шанса нема да биде испуштена“, додаде постојаниот претставник.
Турската војска веќе неколку дена ги гранатира позициите на Курдите во пограничната зона на Сирија. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи со гранатирањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче