Патријархот Кирил одржа служба на Антарктикот

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил истакнува дека Антарктикот претставува слика на идеално човештво, тоа е место на кое нема оружје и воени дејствија, а луѓе од различни земји несебично си помагаат едни на други, и затоа би требало да послужи како пример за целиот свет.

„Антарктикот е единственото место на светот на кое нема оружје, нема воени дејствија, не се вршат научни истражувања чија цел е пронаоѓање нови средства за уништување на луѓе... тој е своевидна слика на идеално човештво и зборува за тоа дека луѓето можат да живеат без граници, без оружје, без непријателска конкуренција“, нагласи во разговорот со поларните истражувачи на руската антарктичка станица Белинсгаузен патријархот Московски и на цела Русија Кирил кој, исто така, одржа богослужба во најјужната на планетатата православна црква „Света Троица“.

Единствената црква во која патријархот Кирил се помоли за целиот свет, но и служеше парастос за претходно настраданите членови на експедицијата, беше направена од осум луѓе за 60 дена, а беше осветена на 15 февруари 2004 година. Ова е првпат поглаварот на РПЦ да престојува на Јужниот пол.  

Поглаварот на секој член на поларната експедиција му поклони по една икона на кнезот Владимир со патријаршиски благослов, а на станицата ѝ подари свои книги, пренесува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња