„Во моментов гледаме забележлива промена на тонот. Сите радикални опозиционери продолжуваат да зборуваат дека колку побргу Башар Асад си замине, толку подобро. Но Американците во последно време почнаа да ја формулираат својата позиција поинаку. Тие велат дека Асад треба да си замине, но прецизираат дека тоа прашање не треба да се форсира“, изјави Чуркин во интервју за весникот „Комерсант“ и радиото „Комерсант ФМ“, пишува „Взгљад“.
„А во документите (на Меѓународната група за поддршка на Сирија и во резолуцијата на СБ ООН) е кажано дека Сиријците треба самите да се договорат за тоа прашање. Ние оваа тема воопшто не ја дискутираме: како ќе се договорат Сиријците, така и ќе биде“, додаде тој.
„Тоа барање (за заминување на Асад) е од опозицијата, И (користењето на оваа формула) ова, се разбира, е една од грешките кои ги направија нашите западни колеги кога почнуваше сириската криза. Тие тогаш дејствуваа под влијание на „арапската пролет“, изјави Чуркин.
„Потоа беше навлегувањето во Либија, го убија Гадафи. И така на Западот, во Вашингтон особено, се појави чувството дека и Асад ќе издржи неколку месеци. Него го перципираа како олицетворение на недемократски режим кој треба да се смени. Во Сирија навистина почнаа немири. Но и руските експерти и колеги кои имаат длабоко познавање на прашањето, зборуваа дека таквата пресметка е лекомислена, дека структурата на сириското општество е таква што нема смисла просто да се бара заминување на претседателот, дека не е работата само во тоа“, истакна рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче