Британски ловци „Тајфун“ беа испратени да пресретнат два руски суперсонични стратешки бомбардери Ту-160 кои се движеле во насока на воздушниот простор на Велика Британија, соопштува телевизијата „Скај Њуз“ повикувајќи се на британското Министерство за одбрана.
„Во ниту еден момент руските авиони не навлегоа во воздушниот простор на Велика Британија“, истакна портпаролот без да открие детали од инцидентот што се случи вчера, 17 февруари.
Руските авиони се наоѓаат во „зоната на интерес“ на Велика Британија, но не навлегле во нејзиниот воздушен простор, соопшти портпаролот на министерството. Според неговите зборови, британските ловци ги спроведуваат бомбардерите Ту-160 над Северното море.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче