Руски фудбалер може да биде дисквалификуван поради маичка со ликот на Путин

Фудбалерот на московски Локомотив Дмитриј Тарасов изјави дека не сакал никого да навреди или провоцира, а маичката со ликот на рускиот претседател Владимир Путин ја носел како патриот.

По завршувањето на вчерашниот натпревар во рамките на Лига Европа меѓу Фенербахче и Локомотив, фудбалерот на московскиот тим Дмитриј Тарасов го соблече својот дрес под кој имаше маичка со ликот на Путин и натпис „најучтивиот претседател“.

„Тоа беше моја идеја, не сакав никакви провокации. Едноставно јас сум патриот, а  Владимир Путин е наш претседател. Маичката кажува дека имаме голем претседател, таму нема ништо од тоа“, рече Тарасов, пренесува „Взгљад“.

Тарасов се појави во маичката по натпреварот кога тргна да им се заблагодари на навивачите и нагласи дека ова не е првпат како ја носи споменатата маичка, само што тоа претходно никој не го забележувал.  

Фудбалерот нагласи дека не ја смета својата постапка за провокација и дека од фудбалските арбитри не очекува никакви санкции. Тој, исто така, не ја отфрла можноста следниот пат да се појави во истата маичка.  

Извор од УЕФА рече дека рускиот фудбалер би можел да биде дисквалификуван на подолг период.

Во првата средба од 1/16-финалето на Лигата Европа, Тарасов и колегите не успеаја да го покажат својот патриотизам на теренот. Турскиот Фенербахче со сигурна игра заслужено го победи московскиот тим со резултат 2:0. Реваншот ќе се одигра на 25 февруари во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња