„Би сакал на почетокот на нашиот разговор да кажам дека сме задоволни, без оглед на познатите проблеми и падот на трговската размена, од карактерот на нашите односи и нивниот квалитет“, рече претседателот на РФ Владимир Путин на состанокот со премиерот на Унгарија Виктор Орбан во потесен состав.
Претседателот Путин нагласи дека Унгарија е стар и сигурен партнер на Русија, пренесува РИА „Новости“.
„Очекуваме нашите планови за кои разговаравме пред година дена во текот на мојата посета на Унгарија ќе напредуваат и ќе бидат реализирани“, изјави Путин.
Тој му се заблагодари на премиерот на Унгарија за прифаќањето на поканата и посетата на Москва.
Од друга страна, премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека нормализацијата на односите меѓу Москва и Европа им одговара на руско-унгарските односи.
„Сите сме заинтересирани односите меѓу Русија и Европа да бидат нормализирани. Тоа е во интерес на руско-унгарските односи“, рече Орбан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче