Обама ја нарече руската армија „втора по сила во светот“

Малубројните бунтовници во Сирија нема да можат да се спротивстават на толку силни вооружени сили, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Претседателот на САД Барак Обама ја нарече руската армија „втора по сила на светот“, изјавувајќи дека сириската опозиција нема да може да ѝ се спротивстави.

„Доколку Русија продолжи со неконтролираното бомбардирање што го видовме, мислам, може да се каже дека нема да видиме некакви успеси на опозицијата. Да, Русија ја има најголемата армија. Очигледно една шака бунтовници во Сирија нема да може да се натпреварува со оружјето на втората по сила армија на светот“, изјави Обама на прес-конференцијата во Калифорнија.

„Но тоа нема да го реши проблемот на стабилизација на Сирија, а единствен начин да се постигне тоа е да се обезбеди политичка трансформација во некаков вид“, додаде претседателот на САД, пренесува „Ју-Ес-Њуз“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња