Српскиот парламент вчера ја ратификуваше спогодбата за соработка со НАТО со која натовците добиваат слобода на движење на територијата на Србија, пристап до сите објекти, а најважно – дипломатски имунитет. Имотот на Алијансата и нејзините претставници се ослободуваат од сите даноци и царински плаќања. Документот предвидува и размена на доверливи информации, пишува дописникот на „Комерсант“ од Балканот Генадиј Сисоев.
Српската опозиција, која се нарекува себеси проруска, ја прими спогодбата со НАТО на нож.
Впрочем, извори на „Комерсант“ во круговите блиски до владата изразуваат сомнеж дека претседателот Србија ќе стави вето на спогодбата со НАТО и ќе се реши на конфронтација со премиерот, без оглед што Томислав Николиќ настапува од проруска позиција.
За зближување на позициите меѓу Белград и Москва не придонесе ни јануарската посета на вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин, макар што тогаш се дискутираше за купување на руски ПВО системи и ловци МиГ-29 од страна на Србија. Лутина во Белград предизвика предупредувањето на московскиот гост за последиците од интеграцијата на Србија со ЕУ, а особено средбата на Рогозин со лидерот на опозицијата.
Меѓутоа, во Москва не остана незабележана новата спогодба меѓу Белград и НАТО. Како што изјави вчера за српската агенција „Бета“ портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, Русија „го поздравува тоа што Србија ги развива односите со НАТО“, но смета дека „Белград ќе продолжи со политиката на неутралност“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче