Извор: Русија во четврток ќе го испорача во Иран првиот систем С-300

Претходно министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека Техеран има намера да ја продолжи воено-техничката соработка со Русија.

Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган, кој во моментов престојува во посета на Русија, во четвртокот ќе земе учество во затворената церемонија по повод испорачувањето на првата партија системи С-300 во Иран, пишува РИА „Новости“.

Претходно во интервју за телевизијата „Вести.ру“ Дехган изјави дека Техеран има намера да ја продолжи воено-техничката соработка со Русија.

Русија и Иран склучија во 2007 година договор за испорака на С-300 во износ од околу 900 милиони долари, кој не можеше да биде реализиран поради Резолуцијата 1929 на Советот за безбедност против Иран.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња