Воздухопловната база Хмејмим во Сирија доби авион за радио-техничко и оптичко-електронско извидување Ту-214Р, пренесува блогот The Aviationist повикувајќи се информации од Flightradar24.
Авионот на 15 февруари, пишува блогот, полетал од Казањ во руската воздухопловна база која се наоѓа во Латакија и Сирија.
Ту-214Р е авион за радио-техничко и оптичко-електронско набљудување, направен врз база на патничкиот авион Ту-214Р како алтернатива за Ил-20.
Опремен е со мултифреквентен радио-технички систем МРК-41, со радарски станици за страничен и кружен преглед, како и со оптичко-електронски систем со висока резолуција „Фракција“.
Авионот е произведен по нарачка на Главната разузнавачка управа на Генералштабот на Вооружените сили на РФ во фабриката за авиони во Казањ, пишува порталот РНС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче