Украински политичар: Ни се заканува сојуз на Русија, Украина и Белорусија

„Донбас нема никој да ни го врати, напротив, ќе нѐ интегрира во ДНР и ЛНР под нивни услови“, смета украинскиот политичар Виктор Балога, пренесуваат медиумите.

Украинскиот претседател и неговата клика во целост ја упропастија надворешната и одбранбена политика на земјата. Приказните за скорешниот крах на Русија нема да го спаси Киев, а молењето на Западот по повод санкциите воведени против Русија само ќе ја влошат и онака катастрофалната положба на Украина, пишува на својот  Фејсбук профил закарпатскиот политичар Виктор Балога, пренесуваат руските медиуми. 

Балога исто така смета дека нема да има враќање на Донбас во Украина, како и дека е многу веројатна интеграција во обратна насока.

Според Уставот на Украина претседателот одговара за одбраната и надворешната политика, а насекаде има само неуспеси, тврди тој.

Последиците од ватиканскиот неуспех Украина ќе ги почувствува подоцна, а резултатите од неквалитетната дипломатија во Европа можат да се видат веќе од резултатите на Минхенската конференција за безбедност.

Колку и да се обидуваат да ги убедат Украинците дека Русија ја чека крах, однесувањето на нивниот премиер вели дека санкциите и цената на нафтата се болни, но не толку за да се откажат од своите намери.

Очигледно е дека додека Украинците ги следат цените на нафтата, Русите ги бројат граѓаните на Холандија кои можат да гласаат против ратификација на спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ. Тие ќе спроведат референдум, а Москва широкоградо ќе помогне во организирањето на пропагандната кампања, смета политичарот.

Балога вели дека се очигледни три работи. Прво „Донбас нема да ни го врати никој, напротив, ќе нѐ интегрира во ДНР и ЛНР под нивни услови“. Второ, ако против Русија бидат воведени нови санкции, може да се очекува дестабилизација во Украина и на Блискиот Исток. Трето, имајќи го предвид Ватиканскиот пакт Русија претендира на стационирање на својата Патријаршија во Киевско-Печорската лавра. Во согласност со тоа претендира на официјализирање на влијанието на Рускиот свет на целата територија на Украина. Главен резултат од сите дејства треба да биде создавање сојузна држава која би била составена од Русија, Украина и Белорусија, смета украинскиот политичар, пренесува информативната агенција Антифашист

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња