Столтенберг: Не сакаме нова студена војна, но РФ сега не ни е партнер

„Светот е премногу сложен за да го делиме на пријатели и непријатели. Без Русија нема да можеме да ги регулираме големите конфликти во светот“, смета генералниот секретар на НАТО Јен Столтенберг.

НАТО не се стреми кон нова студена војна, но Русија во моментов не е негов партнер, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто објавено во весникот „Билт“, пренесува ТАСС.

„Ние несомнено не се стремиме кон нова студена војна. Но Русија во овој момент не е партнер“, изјави Столтенберг.

„Светот е премногу сложен за да го делиме на пријатели и непријатели. Без Русија нема да можеме да ги регулираме големите конфликти во светот“, рече тој.

„Настана нова сложена ситуација на која ќе мораме да се приспособиме“, додаде генералниот секретар на Алијансата.

Нуклеарното оружје ќе остане дел од политика на воздржување на НАТО, изјави Столтенберг.

Според него, Москва „во секој случај се закануваше“ со примена на нуклеарно оружје. „И руската војска демонстративно спроведува маневри со негова употреба“, тврди генералниот секретар.

„Сѐ додека постои нуклеарното оружје, тоа ќе биде дел од нашата стратегија за воздржување“, потенцираше Столтенберг.

Истовремено тој истакна дека „прагот за примена на атомско оружје не смее да се снижи“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња