Конгресната истражувачка служба на САД (Congressional Research Service) на крајот на 2015 година објави извештај за развојот на пазарот на конвенционално вооружување од 2007-2014 година. Согласно извештајот, Русија во текот на тој период стабилно го заземала второто место според два основни показатела: обемот на потпишаните договори за испорака на вооружување и воена техника и фактички испораки на вооружување, пренесува ТАСС.
Како што истакнуваат авторите на извештајот, државите во развој, како и претходно, продолжуваат да го сочинуваат главниот дел на светскиот пазар на оружје.
Во периодот од 2011 до 2014 година вкупниот износ на сите договори за испорака на оружје склучени со земјите во развој во 2014 година изнесувал 61,8 милијарди долари, а сумата на фактичките испораки на наведените земји – 20,8 милијарди долари.
Во тој период Русија и САД доминирале на пазарот на оружје на земјите во развој. САД потпишале договори за испорака со земјите во развој за сума од 115 милијарди долари (46,3% од вкупниот показател), а Русија – за сума од 41,7 милијарди (16,8%). Вкупно двете земји склучиле договори во износ од 156,4 милијарди (63,1%) во наведениот период.
Износот на договори што Русија ги склучила за испорака на оружје и воена техника со развиени земји и земји во развој во 2014 година изнесувал 10,2 милијарди долари (14,2%).
Вкупниот износ на сите договори за испорака на Оружје и воена техника склучени во светот во 2014 година изнесувал 71,8 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче