МО РФ ја обвини Турција за напади врз војската и опозицијата на Сирија

„Од крајот на минатата недела Турција врши масовни артилериски напади од артилерија со голем калибар како врз сириските владини сили, така и врз единиците на патриотската опозиција во пограничните реони“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Артилеријата на Турција од крајот на минатата недела врши масовни напади врз силите на владината војска и патриотската опозиција на Сирија во пограничните региони, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков. Тој додаде дека во провинцијата Алепо е регистриран плотински оган повеќе од 100 пати.

„Од крајот на минатата недела Турција врши масовни артилериски напади од артилерија со голем калибар како врз сириските владини сили, така и врз единиците на патриотската опозиција во пограничните реони. Средствата за објективна контрола забележаа дека турската артилерија повеќе од 100 пати извршила напади врз пограничните населби во провинцијата Алепо“, изјави Конашенков, а пренесува „Взгљад”.

Турските сили веќе неколку дена вршат гранатирање по позициите на Курдите во пограничната зона на Сирија. Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека е отворен оган како возвратна мерка.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња