Германски генерал: Руските ловци ги следат нашите авиони во Сирија

Руските воени авиони ги следат германските извидувачки авиони „Торнадо“, рече генералот на Воздухопловните сили на Германија Јоахим Вундрак.

Генералот притоа додаде дека руските авиони не ги попречуваат летовите на „Торнадата“ и не се обидуваат да ги изведат од воздушниот простор на Сирија, пренесува ТАСС, повикувајќи се на „Рајнише Пост“.

„Таквите средби (на небото) се одвиваат многу професионално. Немаше инциденти“, рече Вундрак.

Тој исто така смета дека се работи за некоја „политичка демонстрација“, дека руската страна сака да даде до знаење дека руските авиони за разлика од меѓународната антитерористичка коалиција се присутни на сириското небо по официјална покана од легитимните државни власти.

Германскиот генерал исто така забележа дека сириските воздухопловни сили се поактивни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња