Во Русија регистриран прв случај на заболување од вирусот Зика

Русинка се заразила од вирусот Зика додека била на одмор во Доминиканската република.

Во Русија е регистриран првиот случај на заболување од вирусот Зика, соопшти „Роспотребнадзор“ на својот сајт во понеделникот, пренесува РИА „Новости“.  

„Федералната служба за надзор во сферата на заштитата на правата на потрошувачите и просперитет на човекот информира дека во Руската Федерација е регистриран првиот случај на заболување од треската Зика“, соопштија од ресорот.

Русинка се заразила од вирусот Зика додека била на одмор во Доминиканската република.

Според информациите на „Роспотребнадзор“, во моментов пациентот се наоѓа на инфективна клиника и нејзината состојба е задоволителна.

Воспоставен е медицински надзор над членовите на нејзиното семејство со кои имала контакт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња