МНР РФ: Турското гранатирање на Сирија е поддршка за терористите

Министерството за надворешни работи на РФ истакнува дека Русија ќе го поддржи поставувањето на прашањето за провокативните дејства на Анкара во однос на Сирија пред Советот за безбедност на ООН.

Москва гледа во турското гранатирање на територијата на Сирија нескриена поддршка на меѓународниот тероризам и прекршување на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ООН, се вели во изјавата на МНР РФ што ја пренесува ТАСС.

 

МНР РФ соопштува дека турската артилерија ги гранатира неодамна ослободените населени места од страна на сириските владини сили и курдските формации, при што „има многубројни жртви и ранети меѓу цивилното население, разрушена инфраструктура и живеалишта“.

 

„Истовремено, според информациите што ги добиваме, турската страна продолжува да придонесува за незаконско навлегување на територијата на свежи групи џихадисти и наемници со оружје за пополнување на истрошените во борбите одреди на „Џебхат ан-нусра“, „Исламската држава“ и други терористички организации. Во Турција преку границата се превезуваат ранетите борци и се префрлаат десеткуваните банди за одмор и реорганизација“.

 

Москва „изразува најсериозна загриженост поради агресивните дејствија на турските власти против соседната држава“.

 

„Гледаме во тоа нескриена поддршка на меѓународниот тероризам и прекршување на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ООН и обврските преземени од страна на Турција како земја-учесничка во Меѓународната група за поддршка на Сирија во Виена, Њујорк и Минхен. Русија ќе го поддржи поставувањето на наведеното прашање пред Советот за безбедност на ООН за да  даде Советот за безбедност јасна оценка за провокативната линија на Анкара која создава закана за мирот и безбедноста во регионот на Блискиот Исток и надвор од неговите граници“, смета МНР РФ.


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња