Поранешниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана е загрижен од ставот на НАТО во однос на проширувањето на Алијансата на исток, изјави тој во саботата во кулоарите на Минхенската конференција за безбедност, пренесува „Интерфакс“.
„Распоредувањето воени штабови на НАТО на исток му противречи на Основниот документ, а токму тој документ ни даде можност да имаме структура на соработка со Русија. Советот НАТО-Русија е дете на Основниот акт“, изјави Солана, истакнувајќи дека во текот на сите дискусии на конференцијата учесниците зборувале за потребата од одново почнување на соработка или макар разговор со Русија.
„Распоредувањето на ротациски сили е во ред. Тоа може секако да се толкува. А постојаните штабови можат да повлечат одговор на Русија. А тие ќе кажат дека тоа е прекршување на Основниот акт“, смета Солана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче