Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на САД Барак Обама во текот на телефонскиот разговор дискутираа за низа важни прашања, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.
Една од темите се однесувала на сириското решение.
„Во центарот на размената на мислења беа прашања во врска со сириското решение. Од двете страни е дадена позитивна оценка за резултатите од состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен на 11-12 февруари, кој ги потврди принципите и одредбите на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН 2254 како во делот за хуманитарните аспекти и изработка на модалитетите на режимот за прекин на огнот, така и во прашањата за соработка за почнувањето на реалниот политички процес. Изразена е, на пример, поддршка за напорите на двете целни групи – за прекин на огнот и хуманитарните аспекти“, се вели во соопштението.
Исто така било посветено и внимание на ситуацијата во Украина.
„Беше исто така разгледана и ситуацијата во Украина, пред сѐ, во контекст на реализацијата на договорениот во Минск на 12 февруари 2015 година пакет-мерки за регулирање на конфликтот“, се вели во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче