Русија не поддржува спроведување на копнена операција во Сирија затоа што учеството на странски копнен контингент ќе доведе до долготрајна војна, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата „Евроњуз“.
„Јас веќе одговорив на ова прашање не толку одамна и сакам уште еднаш да повторам. Никој не е заинтересиран за нова војна. А копнена операција е целосна, долга војна. Токму од тоа треба да се поаѓа“, изјави Медведев.
Премиерот истакна дека Москва не го поддржува лично претседателот Асад, туку „пријателските односи со сириската држава“.
„Ние едноставно поаѓаме од тоа дека во моментов нема ниедна друга легитимна власт во Сирија освен Башар Асад“, изјави Медведев. Ако Асад биде исклучен од политичкиот процес во земјата, Сирија ќе потоне во хаос, исто како според сценариото што претходно ја снајде Либија, додаде рускиот премиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче