Финска ѝ предвидува на Русија судбина на втора Турција поради бегалците

Според мислењето на финскиот претседател Саули Ниинисте, ако Анкара ги стави од контрола границите, реката мигранти може да се прелие во Русија.

Претседателот на Финска Саули Ниинисте ја предупреди Русија за можен наплив од бегалци. Како што изјави Ниинисте за финското издание на „МТВ Њуз“, мигрантите ќе се пренасочат кон РФ ако Турција ја затвори за нив границата со ЕУ.

„Ако Турција ја затвори границата или реката што доаѓа од неа биде ставен под контрола, тогаш неконтролираниот бран луѓе ќе се префрли и на некое друго место. Во таа смисла Русија може да стане втора Турција“, изјави финскиот претседател пред новинарите на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Ниинисте истакна дека во случај на прилив на бегалци од Балканот во Русија, ќе се зголеми притисокот врз Финска и балтичките земји.

„Многу нешта сега зависат од Русија“, изјави финскиот лидер, пренесува „Интерфакс“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња