Бридлав: НАТО не сака студена војна со Русија

Северноатлантската алијанса не сака и не смета дека ќе има нова студена војна со Русија, изјави командантот на Здружените вооружени сили на Алијансата во Европа генерал Филип Бридлав.

„Ние во НАТО не сакаме да дојде до студена војна“, изјави тој во интервју за „Си-Ен-Ен“, пишува „Взгљад“.

„Не зборуваме за тоа. Не сакаме да дојде до тоа (студена војна), и не сметаме дека ќе дојде“, додаде генералот. „Ние сме одбранбен сојуз кој се развива за да им се спротивстави на предизвиците“, ја објасни тој својата позиција.

Според неговите зборови, НАТО во моментов презема конкретни чекори со цел задржување на Русија.  

Во саботата премиерот на Русија Дмитриј Медведев, настапувајќи на Минхенската конференција за безбедност, изјави дека односите меѓу Русија и НАТО се сведени на ерата на студената војна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња