Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ги прераскажа различните мислења на учесниците во расправата за сирискиот конфликт на Минхенската конференција за безбедност и забележа дека ситуацијата многу потсетува на еден „виц заснован на вистински настани“.
До министрите за надворешни работи на Германија, Русија и Велика Британија Франк-Валтер Штајнмаер, Сергеј Лавров и Филип Хамонд е упатена иста молба, да го оценат во перспектива завршувањето на насилството во Сирија (соодветниот договор е постигнат на 11 февруари на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија).
„Штајнмаер лаконски одговорил 51%. Лавров почнал да објаснува како е потребно сите да ги исполнат обврските што ги презеле, да имаат одговорен пристап кон усвоените одлуки и да соработуваат по прашањето на регулирање, а бидејќи по тој повод има сомнение, оценката била 49%. Хамонд рекол дека за сѐ е виновен Кремљ“, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче