Во текот на својот настап на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека цел на руското раководство е создавање „алтернативна Европа со свои принципи и вредности“. Според зборовите на украинскиот лидер, карактеристики на таквата Европа се изолационизмот, нетрпеливоста и непочитувањето на човековите права, пренесува „Комерсант“.
Претседателот на Украина Петро Порошенко ги повика САД и земјите на ЕУ да не ги омекнуваат санкциите против Русија сѐ додека не биде во целост исполнета „Минската спогодба“.
„Се слушаат мислења дека санкциите не функционираат, дека ѝ наштетуваат на Европа повеќе отколку на Русија. Не, санкциите не се казна, санкциите се инструмент за Русија да остане на преговарачката маса, затоа што нема други инструменти“, изјави тој, говорејќи на Минхенската конференција за безбедност во саботата.
Во текот на својот настап Порошенко исто така ги обвини властите на РФ за обид да внесат поделба во Европа.
„Пред нас стојат многу сериозни проблеми. Најголемата опасност за нас, за Европејците е алтернативната Евроопа. Европа со алтернативни принципи и вредности. Изолационизам, нетрпеливост, непочитување на човековите права и религиозен фанатизам – тоа е алтернативната Европа која денес има свој лидер – Владимир Путин. Таа алтернативна Европа има свои војници, тоа се проруските и антевропските партии во секоја европска земја“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче