Медведев: Почеток на нова студена војна меѓу Русија и НАТО

„Речиси секојдневно нѐ прогласуваат за најстрашна закана ту за НАТО во целост, ту одделно за Европа, ту за Америка, ту за други земји“, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев говорејќи на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Русија и Западот одат кон нова студена војна, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, говорејќи на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Премирот констатираше дека „останува непријателска и затворена политичката линија на НАТО во однос на Русија“.

„Може да се каже и поостро: се најдовме во суштина во времето на нова студена војна“, изјави тој.

„Речиси секојдневно нѐ прогласуваат за најстрашна закана ту за НАТО во целост, ту одделно за Европа, ту за Америка, ту за други земји“, реле Медведев.

„Иако реалните закани кои постојат во нашиот мал свет, и ова, се надевам, го разбирате, се состојат сосема во нешто друго“, истакна тој.

Премиерот на РФ исто така го повика Западот да се откаже од „доктрината на задржување“ на Русија и да ги обедини со неа напорите за решавање на постојните проблеми.

Притоа Медведев потенцираше дека за воспоставување на довербата „не може да има никакви предуслови“.

„Или тоа ви треба, или никому не му треба“, смета премиерот на Русија, пренесува ТАСС. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња