Лавров: Европа и САД сфаќаат дека е неприфатливо однесувањето на Киев

Во Брисел и Вашингтон почнуваат да ја сфаќаат неприфатливоста на однесувањето на Украина, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, говорејќи на Минхенската конференција за безбедност.

„Вчера се наврши една година од договарањето на Минскиот пакет-мерки за регулирање на украинската криза – документ, одобрен од СБ ООН. Меѓутоа, реализацијата на неговите клучни политички одредби во суштина не почна – првенствено поради несакањето на украинското раководство чесно да го помине својот дел од патот и стремежот на Киев бескрајно да наоѓа предлози за избегнување на преземените обврски“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.

„Добро е што неприфатливоста на такво поведение како да почнуваат да ја сфаќаат во Европа, па и во САД, како што покажа излагањето на Џон Кери, и покрај целата негова специфична политичка коректност за да ѝ угоди на русофобијата како мода во определени главни градови“, додаде министерот.

Претходно во саботата Лавров изјави дека Киев треба да спроведе уставна реформа која ќе го зацврсти постојаниот статус на Донбас.

Средбата на „Нормандиската четворка“ на ниво на шефови на МНР за решение за Украина се одржа во Минхен во саботата утрото.

Во центарот на вниманието на учесниците на средбата се најдоа регулирањето на кризата во Донбас и понатамошните чекори за реализација на „Минската спогодба“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња