Капетанот на авионот Константин Парикожа и копилотот Дмитриј Алкеев го приземјија запалениот авион. Благодарение на нив никој од 355 патници и членови на екипажот не е повреден, пишува „Комсомолскаја правда”.
На 10 февруари, 15 минути по полетувањето на Боингот-777, кој од аеродромот Пунта-Кана во Доминиканската Република летал за Москва, на висина од 6 илјади метри му се запалил еден од моторите. Патниците го почувствувале ударот од експлозијата во моторот и го виделе пламенот што избил од левиот мотор. Внатрешноста на авионот се исполнила со чад. Пилотите донеле одлука да го вратат авионот на аеродромот Пунта-Кана.
Екипажот успеал да го изгаси пожарот и да ја смири паниката. Капетанот Константин Парикожа го исклучил неисправниот морот и испратил стјуардеса да ги смири патниците. Копилотот исфрлил дел од горивото за да го олесни авионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче