„Ситуацијата во земјоделството на Франција се влоши како резултат на сушата, болестите на добитокот, намалувањето на цената на месото. Но исто така треба да се земе и влијанието на руското ембарго“, изјави Оланд, пренесува „Взгљад“.
„Потребно е да се преземат мерки. Имено така дејствува министерот за земјоделство на Франција Стефан ле Фол. Исто така во сегашно време во Брисел се одржуваат многу сложени преговори“ истакна Оланд.
„Одржавме преговори за ситуацијата во земјоделството со канцеларката на Германија Ангела Меркел и се надеваме дека на 15 февруари, на средбата на министрите за земјоделство на ЕУ треба да биде постигнат консензус. Не смее да се дозволи сегашната состојба да остане“, изјави тој.
Тој истакна дека „еден од правците за движење напред треба да биде и одлуката во однос на влијанието на ситуацијата со руското ембарго, на пример, со ембаргото воведено (за извоз на свинско) поради санитарни причини“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче