Заедничка и усогласена позиција во ЕУ по повод мерките кои би можеле да ја запрат „лавината“ од миграциски проблеми нема, Русија е подготвена да го сподели своето искуство поврзано со прием на бегалците, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
„Општа, усогласена позиција на државите од ЕУ по повод мерките кои би можеле да ја запрат оваа лавина од миграциски проблеми, нема. Но оваа позиција треба да биде изработена во најскоро време. Инаку ќе видиме примери на решителни унилатерални дејствија за заштита на своите граници. А што значи тоа? Крај на единствениот европски простор. На мој поглед, земјите од ЕУ треба да покажат цврста политичка волја и да воспостават жестока контрола врз миграционите приливи“, рече Медведев во интервју за информативната агенција „Спутник“.
Според неговите зборови, нелегалниот влез во ЕУ не треба да гарантира азил, единствено во тој случај луѓето кои сакаат да одат во Европа, веројатно со време ќе осознаат дека е бесмислено да се ризикува животот поради тоа.
„Се разбира, во теорија не требаше да се почнуваат војни на туѓи територии, за да се наметнат сопствените стандарди на државното уредување или едноставно да се тргнат незгодните раководители. Но ако тоа веќе се случило, не ослабувајте ги напорите за политичко решени како, на пример, во Сирија и другите земји на Блискиот Исток“, потенцираше Медведев.
Тој потсети дека Русија, од своја страна, прифатила над еден милион бегалци од Украина.
„Ние имаме големо искуство со прифат на бегалци. И можеме да го споделиме со ЕУ. Таков предлог ѝ дадовме на ЕУ. Зашто како соседна земја ние сме заинтересирани за запирање на реката бегалци, вклучително и преку Русија“, рече Медведев.
Рускиот премиер изрази увереност дека проблемите при решавањето на миграциските проблеми можат да бидат рагледани во март на следната експертска средба на дијалогот Русија-ЕУ за миграција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче