Давутоглу: За да се запрат бегалците, треба да се запре Русија

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека спротивставувањето на политиката на Русија во Сирија наводно ќе помогне да се запре приливот на бегалци во Европа.

„Кога беше канцеларката на Германија Ангела Меркел, јас ѝ реков дека за запирање на приливот на бегалци во Европа најпрвин треба да се запре нивниот прилив во Турција. А за тоа е неопходно да се запре Русија. Меркел рече дека сме во право и ние истапивме со инцијатива во ООН и НАТО. Австрија рече дека ќе нѐ поддржи. Првпат ЕУ демонстрира јасна позиција во однос на Русија во овој контекст (проблемот со бегалците)“, изјави Давутоглу.  http://php.vz.ru/images/1.gif

Тој исто така истакна дека турската влада претходно дискутирала за ситуацијата на северот на Сирија, каде што се водат борби околу градот Алепо и каде се најде затворен коридорот кој ги спојува Алепо и Турција,  важен за сириската опозиција поддржувана од Анкара.

Во моментов во јавноста се води дискусија дали Турција има намера да навлезе во Сирија и во принцип да преземе некакви дејствија за да воспостави врска со Алепо и да не дозволи зајакнување на сириските Курди таму.

Давутоглу во врска со тоа повика „да се почека неколку дена“. „Ќе го видите нашиот одговор“, рече тој, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња