Денес амбасадата на Руската Федерација во Македонија во соработка со почесниот конзулат на Русија во Битола ги одржа традиционалните свечени настани по повод професионалниот празник на руските дипломати Денот на руската дипломатија (кој се одбележува на 10 февруари). Свеченостите според повеќегодишната добра традиција започнаа со церемонијата на полагање свежо цвеќе пред споменикот Руски крст во градскиот парк во Битола во која учествуваа дипломати од амбасадата предводена од амбасадорот н.е. Олег Шчербак, почесниот конзул на Русија во Битола г-ѓа Даринка Крстанова, делегација од Министерството за надворешни работи на чело со заменик-министерот за надворешни работи, г-ѓа Драгана Кипријановска, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, претседателка на општинскиот совет Силвана Ангеловска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски, ректорот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, почесни и генерални конзули на други земји акредитирани во Македонија, претставници од руските компании кои работат во Р.М., како и членови од здруженијата за македонско-руско пријателство и руски сонародници.
Пред присутните се обрати амбасадорот на Русија во Македонија, н.е. Олег Шчербак, кој истакна дека „трагичната судбина и моралниот подвиг на конзулот Александар Ростковски, кој загина од рака на османлиски војник (во спомен на Ростковски е подигнат овој споменик), уште еднаш подтврдува дека дипломатијата е нешто повеќе од професија. Да се биде вистински дипломат значи пред сѐ да се носи голема одговорност за своите дејства и зборови, да се придонесува за зацврстување на мирот, знаењета да се користат за зближување на земјите и народите, за проширување на позитивна, а не разурнувачка агенда. Како што е познато едноставни времиња не постојат, и денес руското Министерство за надворешни работи својата дејност ја врши во условите кога ситуацијата во светот повторно е крајно заострена, но не на наша иницијатива. Се зголемуваат сериозните и опасни предизвици меѓу кои се вооружените конфликти и духот на конфронтација, меѓународниот тероризам и екстремизам, бегалската криза, организираниот криминал, трговијата со наркотици, проблемите повразни со климатските промени, порастот на епидемиите и недостатокот од храна во повеќе делови на планетата.
Руската дипломатија секогаш се издвојувала по својата отвореност и доследност. Нејзината суштината на овие начела и приоритети е максимално јасна и едноставна. Горенаведените закани можат да бидат надминати само со обединување на напорите на сите држави; одржлив и безбеден свет може да биде само мултиполарен, и во тој свет големите и малите земји треба да имаат еднаква безбедност и еднаков глас во меѓународни работи. Единствената вистинска гаранција за постоење на праведен глобален светски поредок е сестрано засилување на институтот на меѓународното право, пред сѐ, со зацврстување на централната улога на Обединетите Нации. Русија цврсто им спротивставува на обидите на некоја една држава или на група на таквите држави да му наметне на останатиот свет свои ставови и вредности, да воспостави свои правила на игра заменувајќи ги цивилизираните дипломатски инструменти со политиката на диктат и уцена. Русија и натаму ќе прави сѐ што зависи од неа за зачувување на не декларативна, туку вистинска рамнотежа на силите во светот.
Ние високо ги цениме постоечките меѓу Руската Федерација и Република Македонија односи на пријателство и партнерство, што секако придонесува за натамошно зацврстување на заемно корисните врски меѓу нашите културно и духовно блиски народи, како и за зацврстување на мирот и стабилноста во регионот. Мислам дека ќе се согласите дека односите меѓу Русија и Македонија се добар пример за заемнокорисна и рамноправна соработка, заемно почитување и немешање во внатрешните работи“.
По церемонијата сите гости беа поканети на свечен коктел каде Амбасадорот срдечно им го честита на сите дипломати на Русија професионалниот празник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче