Сорос ѝ предвидува банкрот на Русија во 2017 година

Американскиот милијардер Џорџ Сорос пишува на својот блог дека на Русија најверојатно ѝ се заканува банкрот следата година, кога за наплата ќе стигне значителен дел од странските долгови, а дека Путин сака да го избегне тоа со поттикнување на распад на Европската унија.

На режимот на Путин му се заканува банкрот во 2017 година, кога за наплата ќе стигне значителен дел од странските долгови, предупредува милијардерот Џорџ Сорос на својот блог Project-syndicate.org. Според него популарноста на рускиот претседател е заснована врз „договор со јавноста“, според кој актуелниот шеф на државата мора да обезбеди финансиска стабилност и перманентен (макар и бавен) раст на животниот стандард.

Поради западните санкции придружени од падот на цените на нафтата, руските власти нема да можат да ги одржат ветувањата, па американскиот берзански шпекулант предвидува дека ќе споменатите и уште некои други настани негативно ќе влијаат на животниот стандард и ставот на избирачите пред есенските парламентарни избори.

Сорос верува дека колапс на Европската унија би можел да му помогне на Путин да остане на власт, затоа што распад на ЕУ би значел за Русија делумно ослободување од санкциите. За Путин исто така, како што истакнува, економски би била корисна поделба на Европа, а би ги искористил и антиевропските партии кои грижливо ги поддржува.

Токму со желбата да поттикне распад на ЕУ се објаснува, според Сорос, сегашната политика на Русија во Сирија, односно нејзините воени дејствија кои влијаат на зголемувањето на бројот на бегалци во Европа. Сорос смета дека зголемениот прилив на мигранти може да ја уништи ЕУ која во моментов мора да се носи со пет-шест кризи истовремено, а Путин како „генијален тактичар“ не можеше, а да не ја искористи можноста да го забрза распадот на ЕУ, пренесува „РБК“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.