Русија истапила со предлог за прекин на огнот во Сирија од 1 март, соопштува „Ројтерс“ во средата, повикувајќи се на западен функционер.
Според зборовите на соговорникот на агенцијата, САД се загрижени поради низа точки од рускиот предлог. Се истакнува дека засега не е постигната согласност околу ова прашање.
Портпаролот на САД Марк Тонер изјави дека не располага со информација за конкретни датуми на евентуалниот предлог на Москва за прекин на огнот во Сирија. „Мислам дека ние би преферирале итен прекин на огнот“, изјави Тонер.
На 9 февруари министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва им предложила на САД шема за прекин на огнот во Сирија. Тој истакна дена не може да даде конкретни детали, меѓутоа тој план не предвидува итна оставка на сирискиот претседател Башар Асад, за што се залагаат САД и нивните сојузници во региони. Министерот истакна дека се надева на брзо разгледување на тој план од страна на Вашингтон, затоа што содржи едноставни предлози.
На 5 февруари постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин изјави дека Русија не може да ја прекине операцијата во Сирија сѐ додека коалициските сили бомбардираат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче