Црна Гора му забрани влез во земјата на рускиот вицепремиер Рогозин

Рогозин бил поканет од црногорската опозиција без какви било консултации со соодветните органи на Црна Гора.

Вицепремиерот на владата на Русија Дмитриј Рогозин нема да може да ја посети Црна Гора каде беше поканет од пратеникот на црногорската опозициска коалиција „Демократски фронт“ Милан Кнежевиќ, соопшти во четвртокот српската телевизија РТС повикувајќи се на МНР Црна Гора.

„Дмитриј Рогозин се наоѓа на списокот со руски државјани на кои не им е дозволен влез во Црна Гора врз основа на одлуката на нејзината влада и во врска со санкциите против Русија, кои по ЕУ ги воведе и Црна Гора“; се вели во соопштението на црногорскиот дипломатски ресор.

Според информациите, Кнежевиќ го поканил Рогозин без какви било консултации со соодветните органи на Црна Гора.  

Претходно Рогозин многупати имаше дадено изјави во врска со намерата на Црна Гора да се зачлени во НАТО, потсетува РТС, а пренесува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња