Проектот за гасоводот „Северен тек-2“ ќе биде реализиран, смета постојаниот претставник на РФ во Европската унија Владимир Чижов.
„Мислам дека ќе биде реализиран. Заинтересираноста на европските енергетски компании за неговата реализација е гаранцијата на неговата комерцијална привлечност“, изјави тој во интервјуто за РИА „Новости“. Чижов исто така истакна дека рускиот гас им е потребен на потрошувачите во ЕУ на еден или на друг начин.
„Почнаа разни мешаници околу овој проект. Ќе видиме што ќе биде, засега позицијата на Европската комисија е мошне претпазлива“, забележа тој.
Чижов ја потенцираше разликата меѓу проектот „Северен тек-2“ и „Јужен тек“, кој е фактички блокиран од Европската комисија. Разликата се состои во тоа што првиот нема копнен дел, додека „Јужен тек“ предвидуваше не само морски дел, туку и мрежа копнени гасоводи по територијата на неколку земји на ЕУ.
„Токму копнениот дел ѝ даваше на Европската комисија формално право да ја искаже својата позиција и на крај да го блокира „Јужен тек“, оспорувајќи ги врз основа на таканаречениот „трет енергетски пакет на ЕУ оние меѓувладини спогодби кои веќе беа склучени меѓу земјите-учеснички на проектот со Русија“, рече Чижов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче