Берлин се надева на враќање на Русија во составот на Г-8

Германија очекува дека страните ќе се вратат на форматот на „Големата осумка“ и ќе ја користат како платформа за разгледување важни меѓународни теми, изјави амбасадорот на земјата во Москва Ридигер фон Фрич.

Германија се надева на враќање на РФ во составот на Г-8 како резултат на нормализацијата на односите, изјави во интервју за РИА „Новости“ амбасадорот на Германија во Москва Ридигер фон Фрич.

„Се разбира дека и ние се надеваме на тоа“, изјави амбасадорот, одговарајќи на соодветното прашање.

Тој истакна дека Германија се надева дека „еден прекрасен ден ние одново како партнери ќе седиме на големата преговарачка маса во рамките на „Големата осумка“ и ќе ја искористиме како форум за водење дијалог за важни меѓународни теми“.

„Тоа, што денеска не е така, е резултат од оние околности кои настанаа поради конфликтот чија жртва стана Украина. На тој начин се најдовме во ситуација во која не постоеше нормална околност“, изјави фон Фрич.  

Според неговите зборови, „од самиот почеток на конфликтот Германија заедно со своите партнери неуморно работеше на постигнувањето решение по пат на дијалог“. „Ми се чини, овде постигнавме определени резултати. Конечен резултат треба да биде враќањето на нормалните односи по што ние повторно во својство на партнери ќе се најдеме на преговарачката маса во рамките на „Големата осумка“, убеден е дипломатот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња