Новиот московски меѓународен аеродром „Раменское“ се отвора на 15 март

Меѓународниот аеродром „Раменское“ ќе биде четвртиот аеродром во московскиот авијациски јазол.

Меѓународниот аеродром „Раменское“ ќе се отвори на 15 март, соопшти генералниот директор на „Рампорт Аеро“ (компанија која управува со аеродромот) Томас Вајшвила во кулоарите на форумот за развој на инфраструктурата на цивилното воздухопловство.

Првиот лет, според неговите зборови, ќе биде меѓународен. Можно е да го реализира руската авиокомпанија „АјФлај“ (iFly) која е специјализирана за чартер-летови.

„Во 2016 година планираме да услужиме 1,9 милиони патници, првиот месец ќе има 50-60 илјади“, рече Вајшвила.

До аеродромот ќе циркулира аероекспресот „Спутник“ и автобуси со интервал од 30 минути.  

Меѓународниот аеродром „Раменское“ ќе биде четвртиот аеродром во московскиот авијациски јазол.

 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња