Во раководството на САД има приврзаници на продолжувањето на затегнатоста во Украина и Донбас. Тие сакаат да постигнат Русија да се „бори на два фронта“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за весникот „Московски комсомолец”.
Тој објасни дека ова мислење може да се слушне во неофицијалните разговори со одделни претставници на американското раководство. На тие претставници на Вашингтон им одговара постојана војна во Донбас и Украина за да ја одвлече Русија од други важни задачи.
„Не сум приврзаник на теориите на завери. Но постојат извесни факти кои укажуваат дека некои луѓе во Вашингтон не би имале ништо против, како што тие велат во неофицијалните разговори во потесен круг, да ја натераат Русија да се бори на два фронта. Затегнатоста во Украина, во Донбас, да не се намалува, туку таму постојано да избиваат „вооружени“ фази на кризата. За да може таа криза да ни одвлече повеќе внимание отколку во периодот на прекин на огнот. И за да ни го отежнат животот во Сирија“, изјави шефот на руската дипломатија.
„Не е исклучено такви мисли да им се мотаат во главите на неоконзервативците, „јастребите“ во Вашингтон. Но нашите разговори со оние во американската администрација кои се одговорни за украинската политика сепак покажуваат дека тие сакаат годинава да постигнат реални резултати во Украина“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче